Економија Избор Охрид

Сугарески: Нашата заложба е што повеќе летови да бидат насочени кон Охрид

Скопје/Охрид, 19. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании се очекува да биде распишан до крајот на месецов, а заложбата на Владата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охрид, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром, рече Сугарески, не откривајќи повеќе детали околу критериумите во тендерот.

Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: архива