Избор Локална самоуправа Охрид

Јованоска: Од 1-ви јули отворениот базен достапен за пливачите и рекреативците, сезонава се превидени и неколку новини

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на следниот месец ќе започне на функционира отворениот базен во Охрид.

ЈП „Билјанини извори“ ги прави последните подготовки околу чистење, како  и санирање на одредени штети на базенот. И оваа летна сезона, базенот ќе може да го користат пливачките школи, но и рекреативците, вели за Супер радио и OhridPress директорката Гордана Јованоска.

– И годинава, во периодот од 1-ви јули до крај на месец август на базенот часови ќе одржуваат двете пливачки школи, „Делфина 2012“ и „Охридски бранови“, За нив е резервиран терминот од 09:00 до 14:00 часот, додека пак од 14:00 до 20:00 часот базенот ќе можат да го користат рекреативците, рече Јованоска.

bazenohridopstaДиректорката најави и една новина. Од оваа сезона, базенот и просторот околу него ќе може да се користи за организирање на роденденски и друг вид забави.

Стручните и добро упатените лица за пливањето велат дека е голем благодет за целиот организам. Тоа е одлична рекреација и релаксација, но и многу погодно, дури и препорачливо во третманите на лордози, сколиози и други деформитети на ‘рбетот кај децата.

skolaplivanje1Жалосно е што Охрид е град на вода, а сеуште нема затворен базен, каде пливањето ќе може да се практикува во текот на целата година. Проектот за изградба на затворен базен во Охрид започна во ноември 2015 година, а современиот објект требаше да биде готов во април оваа година. Но и по две и пол години од почетокот на изгрдбата, затворениот базен во Охрид е изграден на ниво на темели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива