Избор Охрид Хроника

71-годишен старец полово нападнал 11-годишно девојче во Охрид

Охрид, 20. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 71-годишниот Ф.Ш. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

– На 19-ти овој месец, во 15:00 часот во Секторот за внатрешни работи во Охрид, 46-годишната Р.А. пријавила дека истиот ден околу 14:00 часот на улицата „Гоце Делчев“, нејзината 11-годишна внука била пресретната од пријавениот, кој почнал да ја влече и да ја бакнува. Девојчето успеало да избега, при што го изгребало по лицето. По преземени мерки и лицето било пронајдено и лишено од слобода, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива