Забава Избор Охрид

Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД: Zucchero, Darren Emerson, Dimitri Vegas and Like Mike, Deborah Luca, Roger Sanchez, Jax Jones, Armin van Buuren…

Охрид, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде вистински епицентар на забавата далеку пошироко од државните граници.

Zucchero, Darren Emerson, Dimitri Vegas and Like Mike, Deborah Luca, Roger Sanchez, Jax Jones, Armin van Buuren се само дел од врвните светски имиња кои ова лето ќе се претстават пред публиката на најголемиот туристички центар кај нас.

Во рамките на заедничкиот проект СИТЕ ВО ОХРИД, кој ги обединува сите овие настани под една капа, во Охрид ќе дојдат и Балканските музички ѕвезди Северина и Цеца, а во организација на повеќе продукциски куќи ќе настапат и Марија Шерифовиќ, гитарскиот вуртуоз Влатко Стефановски, Масимо Савиќ и многу други. На 26-ти јули на сцената на Долни сарај ќе се одржи и премиерата на проектот NUMB Tribute to Pink Floyd, кој го креираат искусни музичари од Охрид и Струга.

Според овие најави, пред нас е вистинско жешко музичко лето, исполнето со забава и врвни музички имиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива