Избор Охрид Спорт

Кружна тура со велосипед во чест на Денот на езерото

Охрид, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на Охридското Езеро, што со посебна свеченост беше одбележан на 21-ви јуни, денеска ќе се одржи традиционалната кружна велосипедска тура околу целата негова должина.

Турата се одржува по 9-ти пат, во техничка организација на велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид, кои на овој начин ќе го прослават и денот од формирањето на клубот.

kruzna tura okolu ezeroРегистрацијата е од 07:45 часот на градското пристаниште, од каде ќе биде и стартот на возењето во 09:00 часот.

– Ќе се вози на рутата: Охрид-Струга-Калишта-Ќафасан-Лин-Поградец-Св. Наум-Пештани-Охрид. Клубот ќе обезбеди пратечко возило и техничка поддршка, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива