Избор Охрид

Летен јазично-музички камп по германски јазик во Охрид

Охрид, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Изминатата недела во Охрид се одржа летен јазично-музички камп по германски јазик, во организација на Гете – Институт Скопје.

Кампот под раководство на експерти од Германија се одржа во просториите на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. На него учествуваа 33 ученици од партнерските училишта од Македонија, Албанија и Косово меѓу кои и ученици од ОУ „Григор Прличев“.

– Целта на кампот беше подигнување на јазичните и музичките компетенции на учениците, а во резултатот можеше да ужива пошироката јавност на завршната претстава која се одржа синоќа на малиот плоштад до ТЦ „Амам“. Во рамките на кампот беше организирана и работилница за наставници на која тие научија како да користат песни во наставата по германаки јазик, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива