Спорт

Малколм од Бордо се сели во Интер

Милано, 23. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Бордо, Малколм ја прифати понудата на Интер и ќе му се придружи на миланскиот клуб во текот на следната седмица, дознава Газето дело Спорт.

Талентираниот Бразилец беше мета на бројните клубови уште од јануари, но се чини дека најконкретни беа Интер. Клубот постигна договор со фудбалерот, додека преостанува да се реши прашањето на релација Интер-Бордо, а тоа би требало да биде решено до 29. јуни.

Интер ќе плати позајмица со опција за откупување од 8 милиони евра, а во следните години францускиот клуб ќе ги исплати преостанатите 32 милиони евра за цифрата да се заокружи на 40 милиони евра.

Младиот репрезентативец на Бразил се наоѓа во одлична форма, бидејќи неодамна во завршената сезона постигна 12 погодоци и запиша осум асистенции. (Крај)

извор: Спортски фото: архива