Спорт

Чориќ го победи Федерер и го симна од врвот на АТП листата

Хале, 25. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи изненадување на турнирот во германскиот град Хале откако во финалето во три сета славеше против Федерер (7:6, 3:6 и 6:2).

За Борна Чориќ ова е втора титула, со која успеа да го симне Федерер од врвот на АТП листата.

Швајцарецот беше голем фаворит на овој меч и се очекуваше негов 10-ти триумф на овој турнир. Првиот сет го загуби во тај-брејк, а во вториот целосно доминираше и израмни на 1:1.

На крајот сепак се радуваше Хрватот кој во одлучувачкиот сет успеа да направи два брејка и да го победи Федерер во третиот обид. (Крај)

извор: Спортски фото: архива