Избор Свет

Воз излета од шините во Австрија, повредени 28 патници

Санкт Пелтен, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Патнички воз излета од шините во близина на австрискиот град Санкт Пелтен, при што две лица се потешко повредени, додека 26 патници се здобиле со полесни повреди.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Возот со два вагони, во кои имало 80 патници излетал од шините на станицата која се наоѓа западно од Виена. Третиот вагон останал на шините. На местото на несреќата се наоѓаат голем број возила на брза помош и им се укажува помош на полесно повредените.

Франц Респергер, портпарол на противпожарната озслужба во провинцијата Долна Австрија, изјави за австриската новинска агенција дека несреќата се случила околу 7 часот.

Нема информации за причините за несреќата. Возот му припаѓа на Маријазелербан, локална железничка пруга и патувал кон Санкт Пелтен. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива