Избор Локална самоуправа Охрид

Објавен повик за субвенции за уплатени такси за престој на туристи

Охрид, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Од Општината велат дека целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање.

Висината на субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основа на вкупниот број остварени ноќевања за периодот од 01.01 до 30.06.2018 година.

Регистрираниот давател на услуги од мал обем (станоиздавач) ќе биде обврзан за средствата во висина од субвенционираната туристичка такса да набави опрема, мебел и други производи за опремување на неговиот сместувачки капацитет. Набавката претходно мора да биде одобрена од комисијата формирана од градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Субвенциите не покриваат извршување градежни активности. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес