Забава Избор

„Hell летна патрола“ со „Тамаро“ и Hell Energy – среда 4. јули 2018 година (Видео)

Охрид, 4. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето, како и сите до сега, ќе биде исполнето со одлични проекти на охридските „Тамаро“ маркети во соработка со Супер радио и најголемите македонски компании.

Покрај веќе актуелниот „Златно Светско со Златен даб и Тамаро“ за следење на најинтересните моменти на Светското фудбалско првенство во Русија со најдобрите пријатели и најдоброто пиво, Златен даб, од „Тамаро“ продолжуваат со супер-летните активности. Новиот проект е осмислен од креативниот тим на Супер радио, а под слоганот „Hell летната патрола“ ќе се одвива во текот на месеците јули и август, односно во шпицот на сезоната.

– Во текот на летните месеци, Илија Трале Левески и Илија Аврамоски ќе ги следат сите најинтересни настани во Охрид од полето на музиката, забавата, културата и сите останати настани каде има поголемо групирање на луѓе. Со ролери, велосипеди или пеш, тие секој ден ќе ги посетуваат најатрактивните плажи во градот, заедно со Hell Energy, а вечерта ќе бидат дел од сите настани кои ќе го одбележат ова лет во Охрид. Секојдневно ќе се изработуваат видеа од нивните летни авантури, потпомогнати од Hell Energy и секако најдобрите охридски „Тамаро“ маркети, информираат организаторите.

Погледнете го изданието за вчерашниот ден, вторник, 3-ти јули 2018 година.
Ова е само продолжување на соработката на водечките охридски „Тамаро“ маркети и најдобрата локална радио станица, Супер радио на полето на маркетингот. Покрај проектот со Златен даб и Hell Energy, за ова лето најавуваат уште еден супер-атрактивен проект, за кој деталите ќе бидат соопштени деновиве. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес