Избор Хроника

Кај охриѓанец пронајдена марихуана при претрес во неговиот автомобил

Охрид, 5. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти јули во 23:45 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Длапкин дол, полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.П. (39) од Охрид.

Ги Запознаваме Ретките Болести

При претресот било пронајдено едно најлонско кесе со наркотична дрога марихуана.

За настанот бил запознаен  Јавен обвинител, а П.П. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. (Крај)

извор: МВР фото: архива