Економија Избор Охрид

Свечено отворен новиот хотел „Su“ (Фото)

Охрид, 8. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Угостителската понуда во Охрид, во пресрет на новата туристичка сезона е побогата за уште еден репрезентативен објект, хотелот „Su“.

Во присуство на бројни видни гости од градот и пошироко, хотелот беше свечено отворен синоќа. Станува збор за прекрасно уреден простор, лоциран на кеј „Македонија“, а во склоп на кој ќе работат три сегменти: Liquid Kitchen & Bar, Su Hotel и Su Rooftop Restaurant.

Image may contain: people sitting, table, indoor and outdoor

прекрасен поглед од Su Rooftop Restaurant

Лоциран во срцето на градот, објектот ќе биде вистинско освежување во понудата и место за уживање со сите сетила.

Image may contain: people sitting, table and indoor

Хотелот е дел од поголемата групација во која повеќе години успешно работат и кафе баровите Objectif и Liquid. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива