Избор Свет

Сите 12 деца и нивниот тренер спасени од пештерата во Тајланд

Тајланд, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сите 12 деца се извлечени од пештерата во Тајланд, објавија светските медиуми.

Според информациите на „Ројтерс“, последен бил извлечен нивниот тренер.

Трите момчиња кои претходно беа спасени за време на денешната акција, со хеликоптер се пренесени во болница во градот Чианг Раи. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива