Избор Свет

Утре во Брисел почнува Самитот на НАТО

Брисел, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шефовите на држави или влади на членките на НАТО ќе одржат утре и задутре самит во Брисел на кој се очекуваат нови притисоци од американскиот претседател Доналд Трамп врз сојујзниците да зголемат издвојувања за одбраната.

На дневен ред на самитот ќе биде и јакнење на способноста за одбрана, проектирање безбедност, борба против тероризмот, посилна соработка со Европската унија.

Членките на НАТО се договорија на самитот што беше одржан во Велс во 2014 година дека во следните 10 години ќе се зголемат издовувањата за одбрана на два отсто БДП.

Таа цел според најновите податоци моментно го исполнуваат осум држави членки – САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Романија. Се очекува до 2024 година таа цифра да биде 17 држави.

Се очекува на самитот на НАТО членките да потврдат одлуки за прилагодување на командната структура на Алијансата која ќе се зголеми за 1.200 лица како и „иницијативна подготвеност“ со која сојузниците до 2020 година ќе имаат 30 механизирани бригади, 30 воздухопловни ескадрили и 30 борбени бродови подготвени за дејствување во рок од 30 денови или помалку.

Се очекуваат и одлуки дека новата заедничка команда за Атлантикот да биде во Норфлок, во САД, а новата логистичка команда во Улм во Германија.

Членките на НАТО ќе донесат и одлука за почеток на преговори за членство на Македонија во Алијансата кои може да почнат на 1 август и одлука за продолжување на финансирањето на авганистанските сили до 2024 година. (Крај)

извор: Либертас фото: архива