Избор На кафе со... Охрид

Феро: Преку патувачкото кино, го носиме филмот поблиску до руралните средини

Охрид, 10. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 12-ти до 25-ти јули во струшките села пристигнува патувачко кино, кое функционира во рамките на фестивалот „МакеДокс“, во чиј склоп во скопски „Куршумли Ан“ во август се случува и интернационален фестивал на креативен докумантарен филм.

Околу тоа како се роди идејата за патувачкото кино, за локациите за проекциите и деталите околу интренационалниот креативен документарен фестивал, денес во „Радио Корнер“ зборувавме со Бранд Феро, креативен директор на фестивалот и Петра Селишкар, уметнички селектор на фестивалот.

Супер радио: Кога и како се роди идејата за патувачкото кино „МакеДокс“?

Феро: Во 2006-та година со Петра Селишкар направивме еден креативен целовечерeн филм, кој што доби доста меѓународни награди и признанија, а дистрибуцијата во Македонија беше катастрофална. Освен за премиерата, за седум дена филмот имаше педесетина гледачи и си рековме ако луѓето не одат во кино, ние киното ќе им го однесеме дома. Практично така се роди идејата за патувачкото кино, а потоа се роди и една критична маса, филмољубци, мои колеги и заедно стартувавме со фестивалот во 2010-та година. Многу ми е мило тоа што патувачкото кино веќе деветта година по ред патува по цела Македонија и супер поминуваме по руралните средини.

Image may contain: 1 person, sitting, phone and indoor

Супер радио: Патувачкото кино „МакеДокс“ наскоро ќе проектира филмови во Струга, кои локации ги одбравте?

Феро: На 12-ти јули сме во Калишта, потоа на 13-ти јули одиме во Радолишта, следниот ден на 14-ти во Октиси, на 15-ти во Мислодежда, а потоа имаме малку пауза за да ја подготвиме еко-акцијата од 16-ти до 19-ти јули. Продолжуваме со патувачкот кино на 20-ти во Ташмаруништа, на 21-ви во Радожда, каде што ни е базата на патувачкото кино, на 22-ри одиме во Мали Влај и на крај  завршната проекција ќе биде на 25-ти во Струга со „Еко-докумаратон“ со кој ќе го најавиме отворањето на „Дрим-Он“ фестивалот.

Супер радио: Како Ви поминува еден ден со патувачкото кино?

Феро: Обично правиме проекци за шест до десет места и идејата е не само да се децентрализираат настаните од главниот град, идејата е и поблиску да се запознае урбаното и руралното население. Секогаш одиме низ помали планински села, каде што има малку жители, се обидуваме цел ден да го поминаме таму, кога има услови готвиме и јадеме заедно. Ако има деца во селото, заедно со нашите деца им правиме креативни игри им прокетираме детски содржини итн. Цел ден сме заедно и тоа на крај резултира со една убава размена и духовна и материјална.

Супер радио: Во склоп на фестивалот „МакеДокс“, покрај патувачко кино имате и фестивал за креативен докумантарен филм. Какви цели си поставивте преку овој фестивал?

Феро: Фествалот има за цел да донесе нешто што не може да се види на телевизиите и кината. Значи се работи за креативни документарни филмови, за обични човечки приказни со авторски белег и печат. Многу ретки се телевиите кои ги третираат овие филмови, тоа може да се види на скандинавските телевизии, на HBO, така што нашата понуда на нашите телевизии има телевизиски репортажи кои што се многу различни од докумантарниот креативен филм. Идејата ни беше да се понуди нешто што фали во земјава, затоа што публика има, меѓутоа понуда фали. Во последниве години се создаде една млада публика и фестивалот на документарен кретивен филм во Скопје во Куршумли Ан е преполн, седум дена се дружиме со документаристи од цел свет.

Image may contain: 2 people, people sitting, screen and indoor

Супер радио: Петра, Вие сте уметнички селектор на „МакеДокс“, од што се водевте при селекцијата на фимовите кои ќе бидат презентирани наскоро во струшките села?

Селишкар: Сепак сакаме тоа да се документарни филмови кои се поблиски до рурални теми, сепак тоа се луѓе кои работат на поле, во села и сакавме темите од документарните филмови да се поблики до нив. Сето тоа се случува сред село, на почеток прво доаѓаат децата на кои им пуштеме детски содржини, а потоа и повозрасните. Во селекцијата има и нови и постари филмови и македонски и интернационални. При селекцијата на филмовите секогаш се водиме од тоа каква ни е публиката.

Супер радио: Споменавме дека во рамките на „МакеДокс“ ќе се одржи и фестивал на креативен документарен филм, но тој ќе се оджри во Скопје во „Куршумли Ан“. Селектираните документарци имаат ли некаква централна тематика?

Селишкар: Сите селектори кои сме инволвирани во „МакеДокс“ селектираме креативни документарци од цел свет со најразлични тематики. Се обидувеме на луѓето да им дадеме еден широк дијапазон на идеи на различни начини на креирање на филмови. Оваа година сме фокусирани на режијата во документарниот филм, односно режија на реалноста, што е доста тешко, затоа што тоа не се играни филмови каде актерите имаат реплики, во документарците режисерите треба да „црпат“ од она што е реалност околу нив.

Супер радио: Станува збор за млади или пак искусни и веќе докажани режисери?

Селишкар: Имаме меѓународно жири на етаблирани продуценти, режисери, дистрибутери од цел свет, но оваа година специфично е што документарците на младите режисери се во подобра конкуренција, од оние на веќе етаблираните. Оваа година во фокус како земја ќе ни биде Полска, а ќе имаме околу 60-тина гости од цел свет. Од 16-ти до 23-ти август во Скопје во „Куршумли Ан“ ќе презентираме околу 70 документарци. Тоа што ќе биде под отворено небо, под ѕвезди што на самиот настан му дава специфинчна афмосфера за дружење. Се радуваме што публиката ни е млада и што од година во година се зголемува нејзиниот број.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес