Забава Избор Охрид

Утре стартува проектот „Витаминка и Тамаро“ SUMMER TAXI

Охрид, 11. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио од утре и официјално го започнуваат новиот мега-проект, кој ќе внесе вистинска свежина во делот на забавата ова лето во Охрид – летното „Витаминка“ такси.

– Проектот ќе трае во текот на месеците јули и август, најатрактивните месеци во Охрид во текот на летото. Нашиот нов авто-миленик, нашето „Рено 4“ е веќе избрендирано во боите на „Витаминка“, „Тамаро“ и Супер радио и летово ќе биде вистинска атракција на охридските улици. Планирани се по една атрактивна акција неделно по некоја од најпопуларните охридски плажи, каде нашите претставници ќе им делат на сите заинтересирани вкусни „Витаминка“ производи, а тука секако ќе биде задолжен за анимирање на гостите и водителот Жанко ЗШ Голабоски и Dj Regie Rules. Еднаш неделно, ќе имаме и бесплатно такси возење со истата екипа, кога сите кои ќе го застанат нашето возило ќе бидат однесени комплетно бесплатно до саканата дестинација, а ќе добијат и многу „Витаминка“ производи, информираат организаторите.

vitaminkataxi2Од сите настани ќе се изработуваат промотивни видеа, кои ќе бидат достапни на социјалните мрежи и информативните портали OhridPress и INpress. За сите слушатели на најдобрата локална радио станица, охридското Супер радио секојдневно ќе се доделуваат вредни „Витаминка“ награди за уште едно СУПЕР ЛЕТО.

vitaminkataxi3– Крајот на проектот и сезоната ќе го обележиме со една голема „Витаминка“ забава со која и официјално ќе го испратиме летото. Овој пат сакаме да му оддадеме и посебно внимание и благодарност на нашиот постојан соработник, охридски „Астра  дизајн“, фирмата за дизајн и изработка на реклами и рекламен материјал, кои овој пат навистина се надминаа, додаваат организаторите.

Ова е само продолжување на соработката на водечките охридски „Тамаро“ маркети и најдобрата локална радио станица, Супер радио на полето на маркетингот. Двете компании најавуваат уште многу заеднички интересни проекти, на радост на сите потрошувачи на „Тамаро“ и слушатели на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес