Избор Охрид

Делови од Охрид до пладне без вода

Охрид, 12. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Делови од Охрид претпладнево се без вода.

Поради интервенција на водоводната мрежа прекин во водоснабдувањето има на улицата „Кеј Македонија“ на потегот од улицата „АСНОМ“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“ и на дел од улицата „Партизанска“ до населбата Охридати, информираат од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид.

Прекинот ќе трае до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива