Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Гимназијата ги објави резултатите од екстерните испити за државна матура

Охрид, 12. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Гимназијата „Св.Климент Охридски“ ги објави резултатите од екстерните испити за државна матура за учебната 2017/2108 година, во јунскиот испитен рок.

За полагање на предметот македонски јазик и литература пријавени биле 185 матуранти, полагале и положиле 184. За англиски јазик имало пријавено 147 кандидати, од кои полагале и положиле 145.

За полагање германски јазик и физика имало само по еден кандидат, кои успешно ја поминале државната матура.

По предметот матекатика положиле сите пријавени 94 кандидати, а биологија од 39 пријавени, положиле 38. За филозофија пријавени биле 83, додека за историја 5 и сите ги положиле испитите.

Утре е последниот ден за доставување и прием на приговорите од матурантите. Прием на приговори се врши во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

Резултатите може да се погледнат ТУКА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива