Избор Охрид

Метео: Сончево со мала облачност и температура до 29. степени

Охрид, 14. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи сончево време со мала облачност и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Индексот на УВ зрачење има вредност 9.

Максималната температура во Охрид до 29. степени.

– Продолжува периодот на претежно стабилно и топло време. За време на викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во вторник и среда ќе има делумно зголемување на облачноста и појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес