Економија Избор Охрид

Вечерва супер финале на СП и на проектот „Златно Светско со Златен даб и Тамаро“

Охрид, 15. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во маркетот на „Тамаро“ на улицата „7-ми номеври“, во склоп на фабриката „Братство“, вечерва од 17:00 часот ќе се одржи последната забава од новиот заеднички проект „Златно Светско со Златен даб“ на „Тамаро“ и Златен даб и ќе се следи заеднички финалето на СП во Русија помеѓу Франција и Хрватска.

Веќе традиционално, Златен даб како најдобро пиво за најдобрите пријатели, во соработка со водечките охридски „Тамаро“ маркети, организираат заедничко следење на најинтересните спортски натпревари, во комбинација со многу забава, а секако и награди за сите учесници. Така беше и со најинтересните натпревари од тековното Светско фудбалско првенство во Русија, кое денес дојде до своето супер финале.

финални подготовки – се гледаме на финале Хрватска-Франција

– Нашите купувачи со секое купување на пиво Златен даб изминатиов период добиваа посебни жетони со кои беа дел од петте забави во рамките на проектот. Како и секогаш ќе имаме посебно прилагоден „фудбалски терен“ каде ќе можеме да постигнуваме голови кои ќе бидат посебно наградени, ќе можеме да се сликаме со Роналдо, Меси и Нејмар, ќе имаме супер музика со тимот на Супер радио и ќе го следиме заеднички натпреварот Франција-Хрватска, вечерва со почеток во 17:00 часот. Дополнително вечерва, во чест на финалето, ќе имаме и посебна забава со бенд во живо, дури три водители, вкусна скара и секако многу ладен Златен даб за посетителите и купувачите, информираат од „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива