Избор Охрид Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид денес се разбуди со поставени рампи за влез во центарот на градот

Охрид, 16. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес Охрид се разбуди со поставени рампи за влез во центарот на градот. Граѓаните збунети и неинформирани останаа затекнати од рестрикциите на сообраќајот кои не беа претходно најавени и детално објаснети, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Image may contain: outdoor

– Која е причината поради која се поставуваат рампи на истите оние места од кои беа отстранети пред 5 години? Вака ли се води град? Вака ли се развива туризам со тотална неорганизираност, аматерско работење и неинформирање?  Локалната самоуправа не само што не решава проблеми, туку прави хаос со сопствените наводни проекти. Незнаењето, неспособноста и пропустите во работењето на Локалната самоуправа станаа наше секојдневие а добрите политики и развојот неостварена желба… ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на воведеното ограничување на движењето на граѓаните со поставување на рампи кои го попречуваат одвивањето на сообраќајот за граѓаните и туристите. Бараме СВР Охрид веднаш да постапи согласно нивната надлежност и до Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Стојановски и до Секторот за комунални дејности и Одделението за сообраќај и улици, да испрати ургенција со барање за отстранување на препреките на сообраќајниците, односно металните рампи и бетонските конструкции поставени во центарот и стариот дел на градот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ