Избор Општина Дебрца

„Ѓомлезијада“ на 22-ри јули во село Годивје

Дебрца, 17. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) –  Во недела, на 22-ри јули, во селото Годивје во Дебрца ќе се одржи манифестацијата „Ѓомлезијада“.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а пријавените треба да се од општина Дебрца и тоа по една жена од секое село.

– Домаќинките ќе треба да понесат сач и други садови потребни за работа. Вториот сач, пирустија, како и  брашно, масло, сол и дрва, обезбедува организаторот. Пријавувањето е во тек на телефонските броеви: 078 262 516 ; 070 890 909 – лице за контакт Миленко Андрески, информираат од одборот.

Предвидени се богати парични и други награди за натпреварувачите за прво, второ и трето место.

Покрај натпреварот која домаќинка ќе го направи највкусното ѓомлезе, ќе има и богата културно – уметничка програма, со настапи на естрадни уметници и фолклорни ансамбли. Најавени се Прима Бенд, Елена Јовческа, Дарко Стојаноски, Спасе Матлиоски и други.  Се очекува присуство на гости од повеќе држави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива