Избор Спорт

Охридскиот пливачки маратон и официјално во календарот на ФИНА, ќе се одржи на 25-ти август

Охрид, 17. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – ФИНА потврди, 32-от Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 25-ти август, како трет во серијата Ultra Marathon Swim.

fifa maraton

И оваа година, една од најголемите домашни спортски манифестации, ќе се реализира на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри.

plivacka federacija maraton

Наградниот фонд е 15.000 долари, а директор на настанот е претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ПФМ/архива