Избор Охрид

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 27. степени

Охрид, 18. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Од денес следува период на стабилно време, до петок ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло. Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес