Избор Охрид Хроника

МВР: Охриѓанка се повреди по пад од скали

Охрид, 20. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 23:35 часот во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Медицинскиот центар во Охрид било пријавено дека кај нив во коматозна состојба била донесена 34-годишната Б.Т. од Охрид.

– Таа паднала по скали во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“, при што од падот се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива