Избор Хроника

Кривична за лице од Охрид поради „изнуда“

Охрид, 20. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот Љ.Д. од Охрид за сторенo кривично дело „изнуда“.

– Во текот на декември 2016 година пријавениот му позајмил 400 евра на 40-годишниот Н.А. од Охрид, кој како залог му дал ловна пушка и хармоника. По околу два месеци, Н.А. му вратил 400 евра на пријавениот, како и дополнителни 10.000 денари, но пријавениот на истиот, му побарал дополнителни 400 евра за да му го врати залогот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива