Избор Општина Дебрца

Вевчанката Лида Даскалоска зготви најкусно ѓомлезе на „Ѓомлезијадата“ во Годивје

Охрид, 23. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Годивје, општина Дебрца, вчера се одржа манифестацијата „Ѓомлезијада“, односно натпреварот до правење на локалниот специјалитет, вкусното ѓомлезе.

Уште од рано утро, 20 припаднички на понежниот пол, од сите села на општина Дебрца, со своите реквизити – сачот и пирустијата, како и другите потребни садови и алатки, подготвуваа ѓомлезе според личен рецепт, а организаторот КУД „Дебрца“ обезбеди брашно, зејтин, сол и дрва.

Ѓомлезето на Лида Даскалоска од Вевчани беше прогласено за највкусно, за што таа беше наградена со 10.000 денари. Ратка Крстаноска од Ботун го освои второто место и доби парична награда од 7.000 денари, а Родна Трајческа доби 3.000 денари како третопласирана.

Во дегустацијата, оценувањето и одбирањето на победниците учествуваа сите посетители. За гостите беше организирана и културно-забавна програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца