Избор Свет

Акциите на Facebook паднаа за 20%

Калифорнија, 26. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Акциите на Facebook денес претрпеа сериозен удар откако од компанијата соопштија послаб раст од очекуваниот, на корисниците на првиот квартал на годината.

Компанијата соопшти дека има раст на профитот од 31% за вториот квартал од 5,1 милијарди долари, а приходите пораснаа за 42% од 13,2 милијарди долари.

Акциите на Facebook паднаа за околу 7% веднаш по објавувањето на финансиската состојба на компанијата, по што падот се продлабочи на над 20%. Речиси 34 милиони акции на компанијата ги сменија сопствениците, што е далеку над просекот од 17 милиони акции дневно во последниот месец.

Facebook ќе изгуби над 100 милијарди долари од пазарната капитализација и ќе го избрише растот на цената на акциите од почетокот на годината. На крајот на тргувањето, акциите се тргуваа со пад на цената од 20% на 173,50 долари по акција. (Крај)

извор: Банкарство фото: архива