Здравје Избор Охрид

ДСЗИ: Нема грешка во лекувањето на четирите деца од Охрид, Гевгелија и Свети Николе

Скопје, 30. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нема грешка во начинот на кој биле лекувани четирите деца на кои во рок од десетина дена им беше утврден дијабетес тип 1, потврди ДСЗИ по направената контрола кај матичните доктори кај децата од Охрид, Гевгелија и Свети Николе.

Во соопштението на ДСЗИ се вели дека децата во ваква состојба вообичаено е една до четири недели пред да им биде поставена дијагнозата имаат симптоми на зголемен внес на течности и храна, зголемено мокрење, слабеење и стомачни болки.

За доктор Искра Битовска од клиниката за ендокринологија дијабетес мелитус тип 1 е многу различна состојба од дијабетес 2. Состојба која може да се добие и без претходно предупредување од страна на детскиот организам.

Дијабетес тип 1 е автоимуно заболување што предизвикува деструкција на панкреасот и организмот останува до комплетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес се примаат во влошена состојба која бара интезивна терапија.

Децата кај кои беше потврден овој тип на дијабет денеска се во здравствена стабилна состојба. Во соопштението на ДСЗИ се вели дека Македонија спаѓа во мала средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива