Здравје Избор

Бесплатни превентивни прегледи на граѓаните на Градскиот плоштад

Охрид, 1. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празникот Илинден, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, денес ќе се вршат бесплатни превентивни прегледи на граѓаните.

Здравствено-превентивните прегледи се во организација на охридскиот Црвен крст, а ќе се одржат во периодот од 16:00 до 22:00 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

Медицинските екипи ќе бидат на располагање на сите заинтересирани охриѓани и гости кои ќе имаат желба и потреба да го дознаат своето ниво на шеќер во крвта, како и да направат основен здравствен преглед-мерење на крвен притисок, ЕКГ и да добијат корисни совети за заштита на своето здравје, особено при екстремно високи температури на воздухот.

Исто така, од тимовите на парамедици ќе бидат презентирани вештини и техники на правиулно укажување Прва помош во различни ситуации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива