Избор Охрид Хроника

Трагедија во Охрид: Тинејџер почина на улица

Охрид, 2. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Немил настан утрово ја потресе охридската јавност. Младо лице во текот на утринските часови колабирало на улица, по што било пренесено на Интерното одделение во Општата Болница во Охрид.

Порталот Охрид 1 јави дека во болницата била само констатирана смртта и според првичните информации на телото не биле забележани траги на насилство. Неофицијално, станува збор за тинејџер од Охрид.

Истрагата треба да покаже кои биле причините кои довеле до смртта на лицето.

Наскоро повеќе информации. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: архива