Избор Охрид Хроника

МВР со детали за смртта на 17-годишното момче синоќа во Охрид

Охрид, 2. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 23:30 часот, во Општата болница во Охрид, било донесено починато лице.

– Според насоките добиени од Јавниот обвинител, преземени се мерки при што е утврдено дека се работи за малолетно лице од Охрид на возраст од 17 години кое претходно се движело по улицата „Марко Цепенков“ со уште неколку негови другари.  Во еден момент истиот паднал на улица, а потоа бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде што од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираа од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива