Забава Избор Охрид Охрид навечер

Jax Jones со извинување до македонската публика: Ќе дојдам во Македонија најбрзо што можам

Охрид, 4. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Разочаран сум што го пропуштив Ohrid Calling вечерва. Ќе дојдам во Македонија најбрзо што е возможно и ќе надокнадиме, Ви ветувам, напиша младиот Jax Jones на неговиот профил на Twitter.

30-годишниот Dj и продуцент само еден ден подоцна за Quad City Times изјави дека „сака да учествува на урбани фестивали како Ibiza и дека не сака трева и кал“ („I need urban festivals where there is concrete or in Ibiza or something, I don’t do grass, mud and s***.).

Од Авалон Продукција, организатори на фестивалот Ohrid Calling, во рамките на кој требаше да настапи Jax Jones, порачаа дека во 25 нивната годишна кариера за прв пат се соочиле со ваква некоректност и аматеризам.

– Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на Jax Jones не’ извести декa добил насоки од неговиот менаџмент дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него. Причината за тоа е неверојатна и до сега непозната во нашата долгогодишна работа. Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен. На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones. Бидете слободни и прашањата за недоаѓањето на Jax Jones поставете ги нему и неговиот менаџмент. Впрочем, на веб стајтот на Jax Jones се’ уште стои дека ќе настапи пред македонската публика. Како што ние дознавме, причината за недоаѓањето е понудата да настапи на радиско шоу во Ибица, во истото време кога требаше да има со договор потпишан настап во Охрид, информираа од Авалон Продукција.

Фестивалот Ohrid Calling завршува вечерва со настапот на еден од најпопуларните Dj-и на денешницата, фантастичниот Armin van Buuren. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива