Избор Струга

Четврти Саем на медот во Струга

Струга, 5. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пчелари од Струга, Охрид, Битола, Виница, Прилеп и Струмица викендов имаат можност да презентираат мед, пчелни производи и опрема на 4. Саем на медот во Струга.

Саемот го организира Здружението на пчелари „Матица“ од Струга како дел од проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој“ имплементиран од здружението „Рурбан култ“.

Освен органски мед и медни производи, стружани и посетителите може да купат и репроматеријали, центрифуги, пувалки, ножови и се` што е потребно за пчеларство и производство на мед.

medВо рамки на проектот „Органска фарма – рурална кохезија за зголемен потенцијал на руралниот туризам и одржлив економски рурален развој“ предвидена е едукативна работилница за поддршка и едукација на млади пчелари, која ќе се одржи наредниот месец, со предавачи, искусни пчелари и професори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива