Избор Охрид Хроника

Сообраќајка кај Косел, загина мотоциклист

Охрид, 5. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Возач на моторцикл загина вечерва, нешто по 18:30 часот во близина на селото Косел, на патот Охрид-Битола.

До незгодата дошло откако се судриле моторциклот и автобус. Неофицијално, возачот на моторциклот удрил во задниот дел на автобусот.

Причините кои довеле до незгодата ќе се соопштат, откако соодветните служби ќе го завршат увидот на лице место.

Од СВР Охрид најавуваат повеќе детали во текот на утрешнито ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива