Избор Охрид Хроника

Сообраќајка кај Требеништа, тешко повреден мотоциклист

Охрид, 7. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Само еден ден откако кај Косел загина охриѓанец на моторцикл, на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред селото Требеништа, вчера околу 11:40 часот се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди.

– Незгодата се случи помеѓу моторцикл марка „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од страна на 36-годишниот С.Д. од Скопје и патничко моторно возило „Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишниот П.Ј. од Скопје. Во незгодата возачот на моторциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Само еден ден претходно, во тешка сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на селото Косел, животот го загуби 32-годишниот Љупчо Ј. од Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива