Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Во четврток свечено доделување на дипломите во гимназијата „Св. Климент Охридски“

Охрид, 7. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 9-ти август, ќе се одржи свечено доделување на дипломите на генерацијата матуранти 2017/2018 година во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

– Пред присутните ќе се обрати директорката на гимназијата Весна Цветкоска, а матурантите ќе ги поздрави и Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. Програмата предвидува доделување награди на ученици, музички изведби, како и традиционалното затворање на приредбата со фрлање на капите, информираат од охридската гимназија.

Манифестацијата ќе започне во 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива