Избор Охрид Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид не заслужува ваков туризам, лесковачка скара на пешачка и велосипедска патека

Охрид, 7. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изнесеното во дописот до медиумите на општина Охрид по повод последната прес-конференција на советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на која од партијата обвинија дека ветениот туризам 365 дена во годината е „невозможна мисија за безидејниот СДСМ“.

– ВМРО-ДПМНЕ не е против поставување урбана опрема и реквизити, но не смее да се поставува насекаде низ градот како што е случајот ова лето и предизвиканиот хаос за туристичката сезона. Сликата нека коментира за тоа каков ред воведувате господине градоначалник Стојаноски заедно со СДСМ. Објект и лесковачка скара на пешачка и велосипедска патека во Студенчишко блато, реагираат од партијата.

Додаваат дека Охрид не заслужува ваков туризам, затоа Ви порачуваме не ги потценувајте граѓаните, тие не се со кратко паметење. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива