Забава Избор Охрид навечер

СИТЕ ВО ОХРИД: Lehar и Мusumeci во петок на плажа „Оревче“

Охрид, 8. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на PopUp Music, на познатата охридска плажа „Оревче“, во петок, на 10-ти август ќе се одржи уникатен 12-часовен денс-настан, на кој за првпат во Македонија доаѓа проектот Muse на италијанските диџеи Lehar и Мusumeci.

– Мuse е концепт на журки осмислен од двајцата диџеи, а инспириран од старогрчките музи и директно произлегува од нивната идеја за врвна забава. Целата замисла на Muse е пресликана во една реченица: „Нашата заедничка мисија е на забавите да ги каниме диџеите и продуцентите што нè инспирираат со својот единствен звук и визија за електронската музика“. Затоа, во нивна придружба, на „Оревче“ доаѓаат и Sandrino (Slum over histories), Ison, Aldebaran и Flooder (Multinotes), информираат организаторите.

Овој петок, 10 -ти август, од 18:00 до 06:00 часот наутро, СИТЕ ВО ОХРИД, сите на плажа „Оревче“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива