Економија Забава Избор Охрид

„Витаминка и Тамаро“ SUMMER TAXI денес на плажа „Младински“ (Фото/Видео)

Охрид, 8. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – И денес вредната екипа на летното „Витаминка“ SUMMER TAXI донесе многу насмевки и награди за најмладите, но и игри и супер забава на плажата „Младински“ во Охрид.

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing, sky, ocean and outdoor

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing, hat and outdoor

Станува збор за последниот ваков, дневен настан, кој е дел од новиот мега-проект на охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио, кој внесе вистинска свежина во делот на забавата ова лето во Охрид – летното „Витаминка“ такси.

Проектот ќе трае во текот на месеците јули и август, најатрактивните месеци во Охрид во текот на летото.

Image may contain: 4 people, people smiling, people sitting, beard, sky and outdoor

Image may contain: 4 people, people smiling, people sitting, car and outdoor

– Нашиот нов авто-миленик, нашето „Рено 4“ е веќе избрендирано во боите на „Витаминка“, „Тамаро“ и Супер радио и летово ќе биде вистинска атракција на охридските улици. Планирани се по една атрактивна акција неделно по некоја од најпопуларните охридски плажи, каде нашите претставници ќе им делат на сите заинтересирани вкусни „Витаминка“ производи, вели водителот Жанко ЗШ Голабоски, кој заедно со Dj Regie Rules се дел од вредната екипа на Супер радио.

Она што е посебно интересно е што еднаш неделно е предвидено и бесплатно вечерно такси возење со истата екипа.

Image may contain: 5 people, people smiling, people standing, shorts and outdoor

Image may contain: 1 person, smiling, car and outdoor

– Сите кои ќе го застанат нашето возило ќе бидат однесени комплетно бесплатно до саканата дестинација, а ќе добијат и многу „Витаминка“ производи, додава Голабоски.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing, child and outdoor

Image may contain: 1 person, sitting, ocean, sky, car, outdoor, water and nature

Од сите настани се изработуваат промотивни видеа, кои ќе бидат достапни на социјалните мрежи и информативните портали OhridPress и INpress. За сите слушатели на најдобрата локална радио станица, охридското Супер радио ќе се доделуваат и вредни „Витаминка“ награди за уште едно СУПЕР ЛЕТО во Охрид.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес