Избор Охрид Хроника

Во вчерашната сообраќајка кај Ново Село повредени три лица од кои и едногодишно бебе

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, околу 08:20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, на крстосницата за селата Ново Село и Црвена Вода се случи сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Во незгодата учествуваа патничко возило марка „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишниот А.Е. од Струга, во кое се превезувале лицата А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет, три и една година, сите од Шведска. Возилото преминало на спротивната коловозна лента и удрило во патничко возило марка „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Б.П. од Ново Село, општина Дебрца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“, лицето Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св. Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива