Избор Хроника

Возило удри во мопед, повредени две лица

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – На кружната крстосница кај улиците „Железничка“ и „15-ти Корпус“ во Охрид, вчера, околу 14:45 часот се случи сообраќајна незгода во која учествуваа патничко возило марка „Пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки на кој се превезувале две лица.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби 33-годишниот Т.Н. од Велгошти, а со телесни повреди се здоби 24-годишниот М.Б. од Охрид. Тие, со возило на Брза помош се пренесени во болница „Св. Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата „15-ти Корпус“ од правец на селото Лескоец кон Охрид, а автомобилот „Пежо“ се движел по улицата „Железничка“ кон улицата „15-ти Корпус“. На критичното место, се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „Пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвините, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива