Избор Охрид

Собрани 57 крвни единици на крводарителската акција „Плаошник 2018“

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 57 единици крв биле собрани на традиционалната крводарителска акција „Плаошник 2018“, по повод празникот Св.Климент Охридски.

Годинава мотото на акцијата беше „Освежи си го денот, дарувај крв, спаси живот!“.

– Задоволни сме од одзивот. Собраните крвни единици беа во рамки на нашите очекувања, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Акцијата се реализираше вчера и денес во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива