Избор Охрид

Над 15 случаи на извлекување давеници регистрирани летово во Охрид

Охрид, 9. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од почетокот на летната сезона, охридскиот Црвен крст и службата за спасување на вода бележат над 15 посериозни интервенции на извлекување на давеници на капалиштата каде има спасители.

Евидентирани се и преку 800 интервенции, повеќе или помалку сериозни, на укажување прва помош, изјави за Супер радио и OhridPress претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

Што се однесува до безбедноста на плажите и годинава има концесионери кои не ги почитуваат законските критериуми и стандарди за безбедно капалиште, додава Точков.

– Како и секоја година има плажи кои немаат ангажирано спасители. Па така, 30% од капалиштата на охридското крајбрежје не се безбедни, меѓу нив има и атрактивни и фрекфентни плажи како „Градиште“ 2 и 3 и „Немо“. На струшкиот дел од езерото бројката е 50% , вели Точков.

spasitelinavodaВажноста на ангажирање спасителна служба беше потврдена вчера, кога во еден ден успешно беа извлечени тројца давеници. Посериозен беше случајот со 16 годишното момче на плажата „К`ј Дивоно“, кога интервенираа и спасителите на вода, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување и луѓе на плажата. Во другите два случаи се работеше за деца пливач и непливач, на возраст од 6-10 години, кои биле на базен во непосредна близина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива