Спорт

Стартува ЕХФ-шампионатот во Грузија: Македонија во десетдневна битка за нов успех

Тбилиси, 10. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска почнуваат битките на ЕХФ-шампионатот во Грузија во кадетска конкуренција каде Македонија ќе тргне во поход по резултат со кој ќе може да го повтори успехот од Скопје.

Македонија е во група со Швајцарија, Естонија, Фарски острови, Луксембург и Литванија, а својот прв меч го игра од 13 часот по македонско време против Литванците.

Секој ден ќе има по пет средби, а Македонија е во групата со шест репрезентации. Програмата ќе стартува во 9 часот и редовно први на теренот ќе бидат репрезентациите од групата А.

ЕХФ-Шампионат (Грузија)

Распоред за 1. Коло

Група А

09:00 ч – Швајцарија – Естонија

11:00 ч – Фарски Острови – Луксембург

13:00 ч – Македонија – Литванија

Група Б

15:30 ч – Финска – Грузија

17:30 ч – Белорусија – Грција. (Крај)

извор: 24ракомет фото: архива