Избор Култура Охрид

Вечерва „ПичПрич“ на плажа „Оревче“ во Охрид

Охрид, 11. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 22:00 часот на плажата „Оревче“ во Охрид ќе се одржи нов „ПичПрич“, шест женски приказни на тема „Длабоко во ноќта“, директно од устите на шест истакнати личности од културно-уметничко-политичкиот живот во Македонија.

Ќе зборува Илина Арсова, ликовна уметница, првата жена на Монт Еверест од Македонија, качувачка, активистка за животна средина, кралицата на Лагадин, жена што „буквално и метафорично оди нагоре, нагоре“, јави Радио МОФ.

Своја приказна ќе има Долорес Атанасова – Лори, која е поетеса и професорка по англиски јазик, Охриѓанка, жена со прониклив, бистар ум и јазик. Исто така, најавена е Лука Положани, докторантка и истражувачка на универзитетите во Грац и Приштина.

– Таа ги истражува социјалните движења, граѓанството, активизмот и начинот на кој маргинализираните групи може да го освојат своето граѓанство преку својот глас, велат организаторите.

Ирена Цветковиќ е уште една од раскажувачките на „ПичПрич“ Оревче.

– Ирена е еден од најмоќните и најхрабрите гласови кои ги застапуваат правата на маргинализираните заедници. Таа е истражувачка, докторка по родови студии, извршна директорка на Коалиција Маргини, духовита и човечна, и инспирација за сите нас, соопштуваат организаторите.

Од таму посебно се возбудени што ќе настапува и Верица Недеска, која ја карактеризираат како една од најдобрите македонски глумици, но покрај тоа е и сценаристка, режисерка и пеачка. Последниот раскажувач е Кочо Андоновски, борец за човекови права, нудист. По приказните до длабоко во ноќта присутните ќе ги забавува DJ Зоки Бејбе.

Влезот е слободен. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: Радио МОФ