Избор Охрид Спорт

Унгарецот Петер Галицз и Јована Јечхански од Србија најдобри на Олимпискиот пливачки маратон

Охрид, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Унгарецот Петер  Галицз во машка и Јована Јечхански од Србија во женска конкуренција беа најбрзи на Интернационалниот Олимписки пливачки маратон, кој вчера се одржа во водите на Охридското Езеро.

На патеката долга 10 километри, во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид учествуваа осум пливачи од кои 5 во машка и 3 во женска конкуренција од 4 земји – Унгарија, Чешка, Србија и домаќинот Република Македонија).

maraton6Се одржаа два старта, во 12:00 часот за мажи и во 12:05 часот за жени, а се пливаа десет должини на патека од 1 километар, на потегот од старото пристаниште пред хотел „Палас“ до хотелот „Милениум“. Прв на целта со време од 2 часа, 2 минути и 47 секунди пристигна Унгарецот Петер Галицз, второпласиран беше Чехот Мартин Страка, а третопласиран Србинот Борислав Фермановиц. Во женска конкуренција првото место со време од 2 часа, 36 минути и 41 секунда го освои Јована Јечхански од Србија, второпласирана беше Јана Ангеловска од Република Македонија, а Бојана Фермановиќ од Србија се откажа после препливани 6 километри.

На свечената церемонија на доделување на награди присуствуваше и Градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Наградниот фонд на годишешниот Интернационален Олимписки пливачкиот маратон беше 2.000 евра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес