Избор Култура Охрид

Концерт на АМИРА Трио на „Охридско лето“

Охрид, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата „Света Софија“, вечерва со почеток во 21:00 часот ќе се одржи концерт на познатото АМИРА Трио.

Билетите за овој настан кој е во рамките на фестивалот „Охридско лето“ се целосно распродадени, а од дирекцијата информираат дека интересот да се ужива во најдобриот босански вокал бил голем уште при самото објавување на програмата.

Image result for Amira Medunjanin

Музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарекува Амира Медуњанин „босанската Били Холидеј“, алудирајќи на начинот на кој таа се „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години. Оваа уникатна вокалистка е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи, постојано добива одлични критики. Дебитантскиот албум „Роса“ е прогласен за албум на годината во Велика Британија, додека пак албумот „Зумра“ е добитник на наградата „Индекси“. Во нејзината музика, покрај обработката на босанската музичка народна традиција, се среќаваат и мелодии од српски и македонски традиционални песни. Добитник е на престижната награда „Најдобар женски вокал 2012“ од страна на фондацијата „Orange“.

Звонимир Шестак најпрвин се запишува на Државниот конзерваториум во Карнтен, Австрија, каде студира џез-контрабас. Своите студии ги продолжува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, на кој и дипломира во 2012 година. Во 2014 година се стекнува и со својата магистерска диплома. Има активна концертна дејност, постојано соработувајќи со популарни музички имиња и ансамбли од целиот свет.

Image result for Amira Medunjanin

Гитаристот, композитор и аранжер Анте Гело своите дипломски и постдипломски студии ги завршува на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија. Како изведувач во текот на својата кариера соработувал со значајни имиња од џез и поп музичката сцена. Покрај тоа, познат е и како студиски продуцент и аранжер, за што е добитник на бројни награди. Често одржува џез-работилници на повеќе места низ Хрватска.

Image result for Amira Medunjanin

Во своето творештво често наоѓа инспирација и обработува стари македонски традиционални песни. Од нејзиното грло излегоа обработки на „Јано мори“, „Елено ќерко“ и уште неколку други песни, а последна во оваа низа е нејзината верзија на „Ја излези Ѓурѓо“.
извор: Охридско лето фото: архива