Избор Струга Хроника

Автубус удри во 11-годишно дете во Струга

Струга, 12. август 2018 (ОХРИДПРЕС) – Автобус марка „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 57-годишниот Г.П. од струшкото село Мислешево, вчера околу 19:40 часот, на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.

– Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од Струга било пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива